
Италијанскиот мотоциклист Котини почина по повреди на трка
Италијанскиот мотоциклист Габриеле Котини почина по повредите здобиени во несреќа за време на трка. Имаше 39 години.
Италијанскиот мотоциклист Габриеле Котини почина по повредите здобиени во несреќа за време на трка. Имаше 39 години.
– Во знак на жалост, немаше прослава на подиумот по трките. Споменот на Габриеле Котини ќе живее во нашите срца, соопшти Италијанската мотоциклистичка федерација во соопштение на својата веб-страница.
Несреќата се случи за време на трката „Dunlop Cup 600“ на патеката Кремона.
По инцидентот, Котини бил хоспитализиран, но лекарите не можеле да го спасат спортистот.