НАТО може да распореди воен контингент од 100.000 војници за воена акција против Русија доколку таа земја премине една од две црвени линии, пишува во коментарот на италијанска „Република“.
Весникот наведува дека првата црвена линија се однесува на директна или индиректна интервенција на трета страна во војната против Украина, а се работи пред се за учество во инвазијата од северот на Белорусија, додека втората црвена линија е воена провокација против Балтичките земји, Полска или Молдавија.
„Република“ забележува дека во моментов нема оперативни планови кои би вклучиле испраќање војници, туку само проценки на можни дејствија во случај на вонредни ситуации како последно средство и посочува дека фокусот се уште е на одвраќање и елиминирање на можноста директен конфликт да стане реалност.