Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, на 3 декември пристигна во официјална посета на Србија.
На аеродромот „Никола Тесла“ во Белград ја пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
После тоа, премиерката на Италија беше пречекана пред Палатата Србија во нов Белград со највисоки државни почести: црвен тепих, интонирање на националните химни на двете земји и почесниот строј на српската гарда.
Покрај Вучиќ, италијанската премиерка беше пречекана и од министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Ова е прва посета на Мелони на Србија откако е избрана за премиерка на Италија.
Претседателот на Србија изјави дека му претставува голема чест да биде домаќин на премиерката на Италија и го истакна своето убедување дека оваа посета ќе даде дополнителен импулс на односите меѓу Србија и Италија.
„Италија е еден од најважните политички и економски партнери на нашата земја. Особено сум благодарен што најде време да ја посети Србија и да го поддржи нашиот европски пат“, рече Вучиќ.