Матеа Глухиниќ (20) во саботата заедно со едномесечното бебе ја напуштила својата адреса во Сесвете (Хрватска) во непознат правец и оттогаш се води како исчезната.
Станува збор за млада девојка, висока 175 сантиметри, со црна коса и слаба градба. Носела црни фармерки и дуксер во моментот на нејзиното исчезнување.
А како посебна забелешка до полицијата со себе го понела и своето едномесечно дете.
– Во случај да имате информации за ова лице од фотографијата, известете ја најблиската полициска станица или јавете се на бројот 192. Информациите можете да ги доставите и на е-маил адресата: nestali@nestali.hr – апелира тамошната полиција.