Грчките власти трагаат по девојчето Константина-Ирини Р.(16), кое исчезна од предградието Ахарнес во Атина.
Според грчките медиуми, девојчето последен пат била видена вчера во вечерните часови.
Организацијата „Насмевката на детето“ на својата Фејсбук страница објави дека девојчето исчезнало на барање на нејзиното семејство.
Како што е наведено, постојат сериозни причини дека нејзиниот живот е во опасност од трети лица кои би можеле да бидат вмешани во нејзиното исчезнување.
Константина-Ирини е висока 164 сантиметри, слаба, има кафена коса и кафени очи.
На денот кога исчезна, таа носела сина тренерка и бела маица со кратки ракави.