Исчезна 15-годишно девојче од прилепско село
Петнаесетгодишно девојче од селото Пешталево – Прилепско доцна синоќа е пријавено дека е исчезнато.
Роднините на социјалните мрежи пишуваат статуси со барање за помош во нејзино пеонаоѓање.
Според информациите споделени од страна на роднините девојчето последен пат е видено на автобуска постојка во селото Ропотово околу 19ч по што му се губи трагата.
Не се знае со какво возило го напуштило местото.
Апелот на социјалните мрежи е споделен од Светлана Јованоска, која пишува дека девојчето во последно време било многу затворено и не комуницирало со луѓе.
Стои и дека полицијата е известена за случајот и работи во насока на пронаоѓање на девојчето.