Исчезна хеликоптер со 22 патници на Камчатка – дождот и маглата ја отежнуваат потрагата

Хеликоптер со 22 лица исчезна денеска на Камчатка во близина на вулканот Вачкажец.

Гувернерот на Камчатка Владимир Солодов потврди дека во исчезнатиот хеликоптер Ми-8 има 22 лица: тројца членови на екипажот и 19 патници.

„Денеска околу 07:15 часот по московско време исчезна хеликоптерот Ми-8 кој беше на релација од вулканот Вачкажец до хелиодромот во селото Николаевка. Во него имало 22 лица – 19 патници и тројца членови на екипажот“, изјави гувернерот на својот канал Телеграм.

Според хидрометеоролошкиот центар на Камчатка, има дожд и слаба видливост поради магла во областа каде што исчезна хеликоптерот. Владимир Солодов рече дека летот околу областа сè уште не дал никакви резултати.

Според гувернерот, акцијата за спасување е во тек и покрај темниот дел од денот и влошените временски услови, ќе продолжи се додека нема опасност по здравјето и животот на спасувачите.