Жител нa Општина Лозово, се води за исчезнат повеќе од 24 часа.
Градоначалникот Бошко Цветковски, вчера објави дека на човекот му се губи секаква трага.
„Повеќе од 24 часа е исчезнат наш сограѓанин, на кој во 20:30 часот, сношти му се губи секаков траг.. Имено станува збор за Исмаил Муратов кој последен пат е виден во близина на базенот кој служи за водоснабдителниот систем за питка вода во населено место Дорфулија.. Денес во организираните потраги темелно беше пребаран теренот кој се наоѓа во близина каде беше пронајдена торба со храна и вода за која се претпоставува дека е негова, но за жал не успеавме да го пронајдеме.. Затоа ќе ги замолам сите полнолетни граѓани кои сакаат да учествуваат во потрага на овој наш сограѓанин, УТРЕ, ВО 07:00 ЧАСОТ ДА БИДАТ ВО ЦЕНТАРОТ НА с. Дорфулија и со себе да си земат вода и чизми бидејќи ќе се оди до тешко пристапен терен. Се гледаме утре!!!“, објави вчера Цветковски на социјалните мрежи.