Завршила неуспешно најдолгата инфекција со Ковид 19 која траела 505 дена, објавија британски научници. Претходниот најдолг ваков случај бил за лице кое цели 335 дена било заразено со коронавирусот.
Пациентот кој бил позитивен 505 дена по ред имал сериозно ослабен имунолошки систем и повеќе коморбидитети.
Првиот позитивен тест го имал на почетокот на 2020 година, а потоа пациентот бил позитивен на сите други тестови, се до неговата смрт во 2021 година.
Истражувачите, кои го проучувале вирусот кај девет пациенти со Ковид во Лондон, откриле дека нови варијанти на ковид може да се појават кај имунокомпромитирани лица.