Истражување: Човечкиот допир може да ја намали болката, депресијата и анксиозноста

Научно истражување спроведено од експерти од германскиот универзитет во Есен тврди дека допирот може да ја намали болката, депресијата и анксиозноста, а дека повеќе допир помага во ублажување на менталните и физичките заболувања.

Без разлика дали се работи за прегратка од пријател или допир на омилена ткаенина, чувството на допир е корисно и за телото и за умот, според истражувачите, пишува лондонски Гардијан.

Допирот е првото сетило кое се развива кај новороденчињата и е клучно за насетување на околината и комуникацијата.