Истражување: Голем пораст на поддршката на граѓаните за влез во ЕУ

ЕУ континуирано се гледа како најдоверлив партнер на Македонија сега и поради неизвесната политика на САД. Сѐ повеќе граѓани ја перцепираат Македонија како земја која припаѓа на Западот, особено по дилемите изминативе години за вртење кон исток.

Најновите истражувања на Институтот за демократија Социетас цивилис покажа дека по долги години пад расте поддршката на граѓаните за влез во Европската унија.

Според директорот на Социетас цивилис, Марко Трошановски, дури 71 отсто од граѓаните дале поддршка за ЕУ, што е многу голем скок, особено што тоа се должи на сменетото расположение на македонската заедница. Истражувањето беше претставено денеска во Собранието.

ЕУ континуирано се гледа како најдоверлив партнер на Македонија сега и поради неизвесната политика на САД. Сѐ повеќе граѓани ја перцепираат Македонија како земја која припаѓа на Западот, особено по дилемите изминативе години за вртење кон исток.

Се намалува и процентот на граѓаните кои сметаа дека Македонија направила доволно и дека веќе не треба да прави ништо. Тука е забележан пад од осум отсто.

Трошановски ги нарече нереални очекувањата дека ќе се смени условот за уставни промени и ги повика партиите да работат веднаш на реформите.

„Немаме повеќе изговори за одредени законски решенија. Ова е нашата единствена домашна задача. Сѐ друго е потрошен живот и потрошена политика“, рече Трошановски.

Отпорот кон уставните промени и натаму голем, но реалноста не е таква, рече тој, заклучувајќи дека од статус-квото губат и двете страни и никоја ништо не добива, а пред сѐ нашите граѓани.

Затоа, оцени Трошановски, време е да подадеме рака на бугарскиот сосед, да ги уважиме нивните интереси и да побараме решение според европските стандарди.

Порастот на поддршката за ЕУ во однос на лани е речиси за 10 отсто. Според истражувањето, поддршката расте и меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ што веројатно се должи на нивното доаѓање на власт.

Извор: Независен.мк