Тимовите на Финансиската полиција и на МВР по утврдените сознанија за своите наоди ќе го информираат скопското Јавно обвинителство, кое во случајов засега е во улога на координативно тело, а како што велат од обвинителството, ќе се постапува ако првично се утврди дека постојат елементи на кривично дело.
Информацијата дека истражните органи се веќе во акција ја објави и градоначалничката, додека новиот директор Митовски, иако такаречи тукушто е стапнат на функцијата, веќе даде и изјава за новинарите, со која и тој потврдува дека се прибираат сознанија поврзани со тендерот за пречистителната станица, инаку финансирана од Европската банка за обнова и развој.
Директорот на претпријатието вели дека „чешлањето“ на документацијата не значи и загрозување на проектот многу важен за главниот град.
Сомнежите за овој тендер беа причината за разрешувањето на директорот Перински, а градоначалничката Арсовска очекува истрагата да ги расчисти сите дилеми, откако таа завчера најави дека до обвинителството ќе ги достави документите кои отвориле сомнеж кај неа за местење на тендерот. Таа притоа од директорската позиција на Водовод го разреши Златко Перински, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.
По ова разрешување и по претходното разрешување на генералниот секретар на Градот следуваа нови разрешувања или оставки на директори, кадри на ВМРО-ДПМНЕ, а односите меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ која на