Истрага во Словенија: Како премиерот Роберт Голоб стана сопственик на четири соларни централи?

По разводот со сопругата, претседателот на словенечката влада е сопственик на компанијата Стар солар, а антикорупциската комисија истражува дали се било според законот.

Истражителите тропнаа на вратата на словенечкиот премиер Роберт Голоб, откако весникот „Дело“ објави дека тој станал сопственик на Стар солар, компанија која произведува струја.

Сопственоста е регистрирана по бракоразводниот случај со неговата поранешна сопруга Јана Немец Голоб, а компанијата работи со четири соларни централи.

За нов директор на компанијата е назначена Луна Голоб, малолетната ќерка на премиерот.

Стар Солар со години добива стимулации од државата за производство на струја, а се претпоставува дека е повеќе од два милиони евра.

Сега антикорупциската комисија ќе одлучи дали имало конфликт на интереси во целата трансакција, а од кабинетот на Роберт Голоб велат дека словенечките закони не забрануваат сопственост на компании додека се на висока политичка функција.