Истрага за над 1.000 украински војници кои се предале во Мариупол

Агенцијата „Тасс“ јавува дека над 1.000 украински војници што се предале во пристанишниот град Мариупол се однесени во Русија, каде што против нив ќе биде покрената истрага.

Информациите се дека наредните денови се очекува во Русија да бидат префрлени и други украински затвореници, посочува извор од руската полиција.

Украина официјално вели дека се работи на враќање на сите затвореници, додека, пак, некои руски пратеници велат дека треба да им се суди.

Инаку, од почетокот на руско-украинската инвазија починаа 105 дена.