„Истрагата има напредок“: Пет лица приведени за исчезнувањето на Вања Ѓорчевска

Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на Вања Ѓорчевска четиринаесет годишната тинејџерка која ја нема од понеделникот. Истрагата има напредок, но во интерес на истрагата не може повеќе да се дадат информации, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Низа на криминалистички истражни мерки се преземаат во изминатиот период со цел да се утврдат сите факти, кои ќе ги соопштиме во момент кога треба да бидат соопштени. Синоќа доцна во ноќта се работеше исто така интензивно, имаме приведено 5 лица и обезбедено едно возила со коишто се продолжува понатаму работењето. Тоа е нешто плус што го преземавме во однос на сето она како доказ или трага, со цел да дојдеме до целосно расчистување на овој случај- рече Спасовски.

Спасовски објасни дека во околината на центар се пребарани сите подруми, сослушани сите сведоци прегледани се видеа од 50 камери, пребарано е коритото на реката Вардар, манастири и дека истрагата продолжува. Вања исчезна во понеделникот во период по 7.20 часот и по јавување од нејзината класна кај мајката Зорица, објаснуваќи дека Вања не е во училиште. Мајката изјава дека се соменева во киднапирање на ќерката.