Истрагата за Кочани се претвора во фарса, вели СДСМ
Последните објавени информации дека се приведени поранешни полициски службеници од кои 5 лица се веќе и пензионирани е уште еден доказ за селективноста на истрагата за Кочани. Наместо правда, истрагата за најголемата трагедија во Македонија станува срамна и недозволива фарса, реагира СДСМ по вчерашната објава на јавниот обвинител дека се приведени уште седум полициски службеници.

„Како е можно после 30 дена од трагедијата да се бара вина само кај оние полициски службеници за периодот од 2012 до 2022 година, а не за актуелните?
Зошто началникот на крим полицијата во Кочани, Томо Донев не е меѓу приведените?
Зошто ниту началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска не е помеѓу опфатените? Како е можно ниту началникот на СВР Штип, ниту пак началникот за крим полицијата во Штип исто така да не се опфатени со истрагата?
Ова е понижување на правдата и селективна заштита на функционери блиски до Панче Тошковски и ДПМНЕ.
Бараме Тошковски да си поднесе оставка за да може истргата да продолжи неселективно. Во спровитно граѓаните целосно ќе ја загубат довербата дека за огромната трагедија ќе има вистинска правда“, вели во соопштение СДСМ.