Историски „Ол-стар“ меч, Истокот постигна над 200 поени против Западот
Кошаркарите на Истокот ја совладаа екипата на Западот во 73 „Ол-стар“ натпревар со 211:186, што е првпат во историјата еден тим да постигне повеќе од 200 поени.
Претходниот рекорд по бројот на постигнати поени на „ол-стар“ натпревар го држеше тимот на Западот, кој во 2016 година постигна 196 поени. Оваа година беше забележан и рекорд во вкупниот број дадени поени, бидејќи имаше 397 наспроти претходниот рекорд од 374 поставен во 2017 година.
Исто така, екипите на полувремето постигнаа 191 поен, што е за два поени повеќе од претходниот рекорд поставен лани, а со 104 поени, Истокот е тимот кој постигна најмногу поени во првото полувреме во историјата.
На спектаклот во Индијанаполис настапи и српскиот кошаркар Никола Јокиќ, кој официјалниот спикер го најави пред натпреварот на посебен начин:
– Шесткратен Ол-стар играч, двократен МВП на НБА, шампион од Денвер нагетс. Џокер. Никола Јокиќ“. На крајот, српскиот претставник во дресот на Западот го заврши мечот со 13 поени, а имаше и девет асистенции и четири скока.
Трофејот МВП го освои Демијан Лилард, кој беше прв стрелец во победничкиот тим со 39 поени.
Најефикасен играч кај Западот беше Карл Ентони Таунс со 50 поени кои ги постигна за само 28 минути поминати на теренот, а Џејмс Браун имаше 36 поени.