Историски највисоки цени на горивата во САД
Специјализираната веб-страница за пребарување на цените на горивата по бензински пумпи во САД – „GasBuddy“ пишува дека просечните цени на горивата на бензинските пумпи се на највисоките нивоа во историјата.
Просечната цена на бензинските пумпи низ САД надмина 5 долари за галон, т.е. 1,32 долари за литар.
„Оваа година беше еден пресврт по друг, а најлошо од сè, се чини дека побарувачката не реагира на зголемувањето на цените на горивото, што значи дека постои голема веројатност дека цените би можеле дополнително да се зголемат во следните недели“ – рече Патрик Де Хаан , шеф на анализа на нафта во „GasBuddy“.
Пресметано во денари, Американците плаќаат околу 76 денари по литар гориво.
Рекордна цена во САД дојде по неколкумесечни поскапувања на бензинот низ целата земја, забрзана од зголемената сезонска побарувачка во услови на ограничувања во понудата предизвикани од пандемијата.