
Историски ден за Бугарија, Стразбур ставил крај на пост-мониторингот
➡ Одлуката доаѓа откако Европската комисија веќе го прекина Механизмот за соработка и верификација, а од 1 јануари 2026 година Бугарија ќе стане дел од Еврозоната.
По 26 години мониторинг, Советот на Европа официјално го затвори пост-мониторинг дијалогот со Бугарија. Одлуката беше донесена со гласање во пленарната сала, каде што мнозинството од сите политички групи поддржаа посебна резолуција за Бугарија, објави БГНЕС.
„Во документот се забележува дека Бугарија постигнала значителен напредок во зајакнувањето на демократијата, владеењето на правото и заштитата на човековите права. Се известува за клучните реформи во судството, борбата против корупцијата, како и мерките за гарантирање на слободата на говорот. Во резолуцијата се истакнува и новото законодавство усвоено за заштита на жртвите на семејно насилство, за ограничување на говорот на омраза и за подобра заштита на новинарите“, објави БГНЕС.
Одлуката доаѓа откако Европската комисија веќе го прекина Механизмот за соработка и верификација, а од 1 јануари 2026 година Бугарија ќе стане дел од Еврозоната.
Парламентарното собрание на Советот на Европа нагласи дека ќе продолжи да ги следи случувањата во земјата преку редовни периодични прегледи.
Работата на оваа резолуција траеше речиси две години. Како дел од процесот во јуни, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, се сретна со претседателот на ПССЕ, Теодорос Росопулос, кој ја посети Софија на покана на бугарскиот парламент и побара да се укине мониторингот.