Кадирески не доби привилегии како Пендиков и тој се враќа во Струга. Тој со канила на раката, се сликаше со Виктор Стојанов, основач на фондација во земјава, кој има забрана за влез во Македонија.
„Бекир Кадриески е добро и наскоро ќе се врати во Северна Македонија за да ја продолжи борбата за човековите права на Бугарите во Македонија“, напиша Стојанов, кој потоа додаде: Напаѓачот на Бекир Кадриески не е обвинет за тепањето што му го нанел и е во бегство. Ова е државата Северна Македонија. Нема да има правична истрага, како што бара Министерството за надворешни работи на Бугарија“.
На оваа тепачка и се стави етнички предзнак по изјавата на Кадриески. МВР соопшти дека станува збор само за нарушување на јавниот ред и мир и дека нема дело, но ќе има соодветен поднесок. Од бугарските власти дојде осуда и барање за правична истрага.
За разлика од Пендиков кој доби обезбедување, стан, државјанство – Кадриески ќе се врати без вакви привилегии.
Инаку, Стојанов, објавувачот на веста за враќањето на Кадриески, има забрана за влез во Македонија. Тој заедно со други бугарски политичари е на црната листа на нашата земја и беше вратен од граница.