Исповед на вработените на Твитер откако дознаа дека се отпуштени

Оние кои ќе останат на работа ќе добијат информации за нивната деловна е-пошта, а оние кои ќе бидат отпуштени ќе добијат известување на нивната приватна е-пошта

Очекувано, Илон Маск на работниците им најави дека денеска многу од нив ќе добијат мејл со отпуштање. Некои луѓе веќе не можат да се логираат на Slack и официјалните сметки, што значи дека се отпуштени.

Оние кои ќе останат на работа ќе добијат информации за нивната деловна е-пошта, а оние кои ќе бидат отпуштени ќе добијат известување на нивната приватна е-пошта.

Отказот доаѓа во време кога Маск зборува за намалување на бројот на вработени и до 50 отсто. Ова може да значи губење на илјадници работни места бидејќи, според податоците од крајот на 2021 година, Twitter имал околу 7.000 вработени.

Додека сето ова се случува, работниците на Твитер си споделуваат пораки со поддршка меѓу себе.

Многумина го користат хаштагот „OneTeam“. Некои споделуваат слики од екранот како не можат да се логираат на нивната официјална е-пошта и прашуваат дали отпуштањата веќе започнале.

Други пишуваат дека останале без пристап до Twitter и Slack. Некои така дознаа дека останале без работа, немале пристап до платформите на кои вообичаено работат. Високиот менаџер Сајмон Балмен твитна дека му е жал што вака заврши.

Друг шеф, Џејмс Лодука, го твитна прашањето: „Дали срцето може да биде полно и скршено во исто време?“, а потоа ги отстрани сите референци од неговиот профил.