
Исплатата на породилните отсуства и капитациите е редовна, вели Клековски
Нема доцнење во исплатата на капитациите за матичните лекари, кое е зголемено за 33 отсто, а редовно се исплаќа и надоместокот за породилно отсуство, уверува генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Нема доцнење во исплатата на капитациите за матичните лекари, кое е зголемено за 33 отсто, а редовно се исплаќа и надоместокот за породилно отсуство, уверува генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори се одвива во континуитет, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Тој посочи дека исплатата на надоместокот за породилно отсуство се одвива тековно и за ноември се исплатени над 6.600 породолни отсуства.
– Правиме анализи и согледувања дали има заостанати исплати, бидејќи бројот на исплатени породилни отсуства секој месец варира, немаме константен број. Можниот обем во декември е решен со прераспределбата во буџетот, каде е зголемена позицијата за породилни отсуства и кај нас и во Министерството за економија и труд, бидејќи имавме раст на вкупниот број породилни исплати поради зголемувањето на платите, а не поради зголемување на бројот на родени бебиња и породилни отсуства – рече Клековски.
Во врска со информациите дека доцни исплатата на капитации за матичните доктори, тој рече дека нема задоцнување во исплатите.
– Од редовноста во исплатата од јули 2024 година може да се види дека Фондот за здравствено осигурување се придржува на договорените обврски, а тоа е исплата во рок од 60 дена од доставената фактура на матичните лекари. Исплатата за ноември од 493 милиони денари во моментот се реализира. Од исплатите за матичните лекари може да се види дека ветеното зголемување од 33 отсто на капитациите на матичните лекари е исполнето – посочи Клековски.
Додаде дека заклучно со денеска активни се 948 договори за општа медицина, 972 за општа стоматологија и 149 за гинекологија.