
Ислам Абази ќе го истражува Љупчо Коцевски за прислушувањето
„Согласно законот за следење на комуникациите, наредба за посебни истражни мерки може да се издаде само за кривични дела строго предвидени во самиот закон. Во однос на претходните наводи за следење на премиерот, по насоки на јавниот обвинител на РСМ, Љупчо Коцевски, ОЈО ГОКК оформи предмет во кој се преземаат дејствија на проверки. Воедно и наводите во последните известувања од АНБ детално ќе бидат испитани“, соопштија од Обвинителството раководено од Ислам Абази. Ова е уникатен случај бидејќи Абази ќе истражува, практично, врз основа на каква проценка евентуално Коцевски потпишал налог за следење на тогашниот лидер на опозицијата, нешто што му е работа, а и не ја носи крајната одлука.
„Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите“, информираат денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со последните информации од АНБ за следење на политичари и новинари.
Обвинителството, како што стои, единствено ги проследува законски заснованите барања од АНБ за превентивни разузнавачки мерки до Врховниот суд, кој потоа издава соодветна наредба за реализација на мерките.
„Согласно законот за следење на комуникациите, наредба за посебни истражни мерки може да се издаде само за кривични дела строго предвидени во самиот закон. Во однос на претходните наводи за следење на премиерот, по насоки на јавниот обвинител на РСМ, Љупчо Коцевски, ОЈО ГОКК оформи предмет во кој се преземаат дејствија на проверки. Воедно и наводите во последните известувања од АНБ детално ќе бидат испитани“, соопштија од Обвинителството раководено од Ислам Абази.
Ова е уникатен случај бидејќи Абази ќе истражува, практично, врз основа на каква проценка евентуално Коцевски потпишал налог за следење на тогашниот лидер на опозицијата, нешто што му е работа, а и не ја носи крајната одлука.
Извор: Независен