„Исламски џихад“ потврди: Постигнат е договор за прекин на огнот со Израел

Постигнат е договор за прекин на огнот меѓу Израел и палестински „Исламски џихад“ (ПИЈ), изјави доцна синоќа за „Ал Кудс њуз“ портпаролот на ПИЈ, Мухамед ал Хинти.

Договорот за прекин на огнот го вклучува и ослободувањето на лидерот на „Исламски џихад“, Басем Сади, јави весникот „Џерусалем пост“.

Апсењето на Сади пред неколку дена беше повод за отворени непријателства и конфликти меѓу Израел и ПИЈ, а во петокот Израел ја почна операцијата „Зора“ против оваа палестинска милитантна организација.