
Терористичката Исламска држава ја презеде одговорноста за завчерашниот напад во Брисел во кој загинаа две лица од шведска националност, а уште едно лице беше повредено.
Таа терористичка организација синоќа на Телеграм објави дека нападот го извршил еден нејзин борец, пренесува Ројтерс.
Белгиските власти претходно објавија дека напаѓачот е 45-годишен Тунижанец, кому во 2020 година му беше одбиен азил и продолжи да живее илегално во земјата.
Локалната полиција го уби вчера рано утрината во кафуле во северниот дел на Брисел.