Искри на релација Париз-Киев: „Ќе одговориме со иста мерка“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев нема да биде задоволен со прекинот на огнот на бојното поле.
Тој додаде дека неговата цел е да ја врати контролата врз териториите окупирани од Москва.
„Веќе изгубивме премногу луѓе за едноставно да ја отстапиме нашата територија“, рече Зеленски преку видео врска на настан организиран од ФТ.
Тој додаде дека примирјето „не е опција“ за Киев.
Мора да постигнеме целосна деокупација на целата наша територија“, рече Зеленски.
Киев претходно соопшти дека руските сили сега контролираат околу 20 отсто од украинската територија.
„Никого нема да понижиме“
„Никого нема да понижиме, ќе одговориме со иста мерка“, рече Зеленски запрашан за изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека не треба да ја „понижуваат“ Русија за да ја држат отворена вратата за дипломатско решение.
Украина се надева дека западните испораки на оружје со долг дострел, вклучувајќи го американскиот ХИМАРС и британскиот артилериски ракетен систем М270, би можеле да помогнат во потиснувањето на руските сили.
Зеленски, исто така, рече дека е „многу среќен“ што британскиот премиер Борис Џонсон, еден од најсилните сојузници на Украина, го преживеа гласањето недоверба на неговите конзервативни пратеници во понеделникот.