Иселеници од Швајцарија доаѓаат да гласаат во Струга, се агитира во изборен молк

На социјалните мрежи се споделува видео од авион полн иселеници во Швајцарија кои патуваат кон Македонија за да гласаат на вториот круг од локалните избори. Се тврди дека станува збор за трета група иселеници кои патуваат кон државата.

Патниците покажуваат број на една политичка партија, а во објавата на Фејсбук се повикува да се гласа за еден од кандидатите за градоначалници на Струга.

-Се очекува вториот круг да биде одлучувачки за иднината на Струга, додека дијаспората уште еднаш докажува дека љубовта кон татковината нема граници“, се наведува во објавата на социјалните мрежи.