Иран ја нападна американската морнарица во Бахреин

Според државната новинска агенција БНА на Бахреин, седиштето на Петтата флота на американската морнарица „беше под ракетен напад“ утрово.

Според државната новинска агенција БНА на Бахреин, седиштето на Петтата флота на американската морнарица „беше под ракетен напад“ утрово.

Петтата флота на американската морнарица ги надгледува операциите на Блискиот Исток, вклучувајќи го Персискиот Залив, Црвеното Море, Арапското Море и делови од Индискиот Океан.

Министерството за внатрешни работи на Бахреин објави на својата X-платформа дека се активирани сирени и ги повика граѓаните и жителите да побараат засолниште.

Националниот комуникациски центар на Бахреин потврди дека нападите „биле насочени кон локации и објекти во рамките на границите на Кралството“ и дека биле лансирани надвор од нејзината територија.