Иран поднесе жалба против шефот на МААЕ: Гроси ја загрози неутралноста и кредибилитетот на агенцијата
Иранскиот амбасадор во Обединетите нации, Амир-Саид Иравани поднесе официјална жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации против пристапот на генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, обвинувајќи го дека не ги исполнил своите обврски и непристрасност во врска со мирнодопските нуклеарни активности на Иран.

Во писмото што го достави до Советот за безбедност и до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Иравани изрази сериозна загриженост за неактивноста на Гроси, особено во врска со заканите на израелскиот режим кон нуклеарните постројки на Иран, пренесе Мехр њуз.
Иравани нагласи дека Гроси не презел соодветни заштитни мерки и не ја осудил „агресијата на Израел“.
„Јавните изјави кои ги даде генералниот директор Рафаел Маријано Гроси во периодот непосредно пред неодамнешниот чин на агресија од страна на израелскиот режим против Исламската Република Иран претставуваат јасно и сериозно кршење на стандардите за непристрасност што се бараат од неговата функција“, се наведува во писмото.
Иравани тврди дека Гроси избегнал да го осуди Израел за неговите експлицитни закани против иранските нуклеарни постројки, кои се под заштита на МААЕ.