Иран: Ајатолахот Хамнеи не се појави на погребот на загинатите во израелските напади
Многу високи ирански функционери се придружија на масовното испраќање на загинатите во израелските напади во Техеран, но, како што пренесуваат светските медиуми, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, не беше присутен.

Осумдесетгодишниот Хамнеи, кој не се појавил во јавноста од почетокот на конфликтот меѓу Иран и Израел, досега не се огласил ниту по повод државниот погреб на 60 високи воени функционери, нуклеарни научници, жени и деца загинати во 12-дневниот конфликт, пренесува Си-Ен-Ен.
Хамнеи прогласи победа во конфликтот со Израел, и покрај бројните загинати ирански функционери и нападите врз иранските нуклеарни постројки.