
Иранските власти спроведуваат масовна репатријација на илегални бегалци
Според портпаролот на ИОМ, Аванд Азиз Ага, од 1 до 28 јуни, 233.941 Авганистанци ја преминале границата, а само во текот на неделата од 21 до 28 јуни, агенцијата регистрирала 131.912 повратници, објавува парискиот дневен весник „Фигаро“.
Во текот на јуни оваа година, повеќе од 230.000 Авганистанци беа вратени од Иран, повеќето од нив протерани од властите, кои им дадоа рок на милиони странци кои нелегално престојуваат во земјата до недела да ја напуштат иранската територија, објави денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Според портпаролот на ИОМ, Аванд Азиз Ага, од 1 до 28 јуни, 233.941 Авганистанци ја преминале границата, а само во текот на неделата од 21 до 28 јуни, агенцијата регистрирала 131.912 повратници, објавува парискиот дневен весник „Фигаро“.
-Од почетокот на годината, вкупно 691.049 Авганистанци се вратиле од Иран, од кои 70 проценти се присилно репатрирани. Бројот на Авганистанци принудени да се вратат во својата земја нагло се зголеми во последните недели, иако некои се родени во Иран или биле долгогодишни жители. Во текот на изминатата недела, имаше повеќе од 30.000 враќања дневно, соопшти ИОМ.
Со малку капитал и малку изгледи за работа во Авганистан, кој и покрај мирот страда од втората најголема хуманитарна криза во светот, повратниците стравуваат дека ќе потонат подлабоко во сиромаштија, заклучува францускиот весник.