Иранскиот суд го осуди на смрт популарниот рапер кој беше во затвор повеќе од година и пол поради поддршка на протестите организирани низ целата земја поради смртта на Махса Амини.
– Огранокот 1 на Револуционерниот суд во Исфахан го осуди Салехи на смрт под обвинение за корупција – изјави адвокатот на пејачот Амир Раисијан и најави дека ќе поднесе жалба на пресудата, јавуваат локалните медиуми.
Томај Салехи (33) беше уапсен во октомври 2022 година, откако јавно го поддржа бранот демонстрации што избувнаа еден месец претходно, предизвикани од смртта на 22-годишната активистка за човекови права во притвор во Иран.
Махса Амини почина на 16 септември 2022 година, три дена откако беше уапсена од моралната полиција во Техеран за наводно кршење на строгиот кодекс на облекување на Исламската Република за жените.
Нејзината смрт го предизвика најголемиот бран на опозиција на улиците во Иран, најголем од 2019 година кога владата одговори со брутална сила на протестите поради скокот на цените на горивото.