ИО на ЛДП: Место одговорност за изборниот пораз, Зајкова без срам објавува желби да биде дел од власта

Иницијативниот одбор бара од раководството на ЛДП, „да престанат со додворување на власта и да ја прифатат опозиционата улога која им ја доверија граѓаните“, велат од таму.

Иницијативниот одбор на ЛДП денеска упати реакција по повод, како што велат, „небулозните изјави на „лидерката“ Моника Зајкова.

Според нив, непринципиелната политика на раководството на ЛДП и Моника Зајкова оди до таму што наместо почитување на интересот и желбата на граѓаните, единствено со што се занимаваат е остварување на желбите и интересите на раководството на ЛДП.

„Изборната волја на граѓаните беше јасно кажана на последните избори каде Зајкова како коносител на листа доби црвен картон од граѓаните за нејзините погрешни политики.

И наместо да понесе одговорност за изборниот пораз, таа без срам објавува желби да била дел од власта.

Дволичната политика на раководството е веќе осудена од членството и од широката јавност.

Очигледно на политичката сцена се најде достојна замена за Амди Бајрам и неговата парола „Кој е на власт, ја сум со вас“.

Иницијативниот одбор бара од раководството на ЛДП, да престанат со додворување на власта и да ја прифатат опозиционата улога која им ја доверија граѓаните“, велат од таму.