Инцидент по судењето за масакрот во „Рибникар“ – одложен претресот во постапката против Кецмановиќ

Во Високиот суд во Белград денеска продолжи судењето на таткото и мајката на момчето кое на 3 мај уби девет деца и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“. На денешното судење воведни зборови дадоа адвокатите на оштетените. Судењето е одложено, а судијата треба да одлучи дали оштетените, односно родителите на убиените деца, а кои не се сведоци ќе можат да присуствуваат на судењето.

Пред судницата беа присутни родителите на убиените деца кои во раце држеле слики од убиените деца.

По завршувањето на рочиштето за масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, во салата на Вишиот суд во Белград дошло до помал инцидент меѓу родителите на жртвите и мајката на момчето убиец.

Адвокатите на Кецмановиќ први ја напуштија судницата, а на клупата пред судницата видоа слики од убиените деца наредени од нивните родители, додека Миљана Кечмановиќ веднаш се сврте кон излезот. Српските медиуми пренесуваат дека родителите на убиените деца и викале: „Мајка монструм“. Адвокатот Боривој Боровиќ, кој го застапува семејството Кецмановиќ, родителите на убиените деца го нарекле „злосторник“ и „лажго“.