Инцидент на белградскиот Прајд, украдено ЛГБТ знаме

Противниците на Парадата на гордоста, кои протестираат против Прајдот што ќе се организира денеска во рамки на манифестацијата „Европрајд2022“, веќе почнаа да се собираат низ централните улици на Белград. Еден од нив украл ЛГБТ знаме, поради што полицијата веднаш го привела.

Припадници на МВР од синоќа се распоредени на улиците, а долж Булевар Крал Александар е поставен полициски кордон, јавуваат српските медиуми.

Инаку најмалку 3.000 полицајци ќе бидат директно задолжени за обезбедување на денешната прошетка во рамки на Еуропрајд.

Освен полицајците на улиците и во деловите од градот каде што ќе се движи поворката Прајд, значително поголем ќе биде и бројот на ангажирани припадници на безбедносните сили во униформа или во цивил – вкупно околу 6.000 луѓе.

Фокусот во текот на денешниот ден ќе биде ставен на зачувување на безбедноста на учесниците на Парадата на гордоста.