
Синоќа околу 19 часот и 30 минути во фабриката Магна во Алексинац дошло до инцидент и притоа околу 30 работници се затруле, од кои тројца потешко и на сите им е укажана итна медицинска помош, изјавил д-р Ненад Марковиќ, началник на Брза помош во Ниш.
Сите пациенти биле донесени во Брза помош околу 20 часот со симптоми на труење, мачнина, повраќање, болки во стомакот, пецкање во грлото, наведе докторот.
„Сите пациенти ги имаа истите симптоми. Од нив 30, по тријажа, десет се испратени на итерното одделение и сега се во стабилна состојба и не се во животно загрозувачка состојба. Тројца се пренесени со потешка клиничка слика, по укажана прва помош, транспортирани се во Клиничкиот центар во Ниш, и според моите сознанија и тие се сега стабилни и надвор од животна опасност, изјавил д-р Марковиќ.
Тој објаснил дека, судејќи според симптомите, до труењето дошло при вдишување испарувања од некој лепак.