
Инцидент во Скопје синоќа на роденденот на детето на Невена Спасеска: Поранешниот сопруг ги нападнал нејзините татко и брат
Очевидци наведуваат дека инцидентот предизвикал голема паника и вознемиреност кај присутните, а дечиња кои биле на роденденот реагирале со пискање од страв. Настанот веднаш бил пријавен во Полициската станица Карпош, каде што полицијата излезе на терен и се работи на негово расчистување.
Синоќа на роденденска прослава на детето на Невена Спасеска, се случил инцидент во кој физички биле нападнати нејзиниот татко и брат. Според очевидците, нападот го извршил поранешниот сопруг на Спасеска, кој со боксови удирал кон нив, објави порталот 24 Инфо.
Очевидци наведуваат дека инцидентот предизвикал голема паника и вознемиреност кај присутните, а дечиња кои биле на роденденот реагирале со пискање од страв. Настанот веднаш бил пријавен во Полициската станица Карпош, каде што полицијата излезе на терен и се работи на негово расчистување.
За потсетување, Невена Спасеска е мајка која беше иницијално лишена од старателството над своето четиригодишно дете. Врховниот суд ја поништи контроверзната пресуда, давајќи и нова можност да го врати детето и да го продолжи животот како законски старател.