Инфлуенсерите, влогерите, јутјуберите да се регистрираат, повика АВМУ

Со измените на медиумската легислатива во јули 2023 година, за првпат официјално беше препознаено постоењето и влијанието на инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини и јутјуберите како даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање. Со тоа, овие субјекти станаа предмет на регулација и имаат обврска да се регистрираат во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Обврската за регистрација се однесува на оние кои: обезбедуваат содржини преку платформи за споделување видеа (YouTube, Instagram, TikTok и слично); имаат повеќе од 10.000 следбеници или претплатници; остваруваат економски интерес од својата активност; во последните 12 месеци објавиле најмалку 24 аудиовизуелни содржини; имаат уредничка одговорност и целта на содржините е информирање, едукација или забава.

Критериумите се подетално уредени во Правилникот на АВМУ за евидентирање во Регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.

Од Агенцијата апелираат сите инфлуенсери и креатори на содржини кои ги исполнуваат условите, во најскоро време да поднесат пријава за регистрација. Повеќе информации и потребната документација се достапни на веб-страницата на АВМУ, во банерот „Инфлуенсери/Влогери“, а дополнителни појаснувања може да се добијат и на е-адресата influenseri@avmu.mk.