Инфлацијата се искачи на 10,7 отсто

Економијата на еврозоната речиси застана во третиот квартал, бидејќи инфлацијата се зголеми над сите очекувања и за првпат надмина 10 отсто, покажаа прелиминарните податоци на Евростат во понеделникот.

Токсичната комбинација на слаб раст и зголемените цени укажуваат на претстојните мрачни зимски месеци.

Инфлацијата се искачи на 10,7 отсто од 9,9 во септември и беше значително повисока од просечната прогноза во анкетата на Ројтерс меѓу аналитичарите пред објавувањето на податоците.