Инфлацијата доведе до рекорден пад на платите во Британија

Реалните плати на работниците во Британија паднаа во тримесечниот период заклучно со јуни, најмногу откако заводот за статистика почна да објавува податоци.

Во периодот од април до јуни платите се зголемени за 4,7 отсто, објави вчера ОНС.

Инфлацијата во јуни достигна 9,4 отсто, највисоко ниво во последните 40 години, а својот врв треба да го забележи на крајот на годината кога очекувано треба да изнесува 11 отсто.

Ова значи дека реалните плати паднале за 4,1 отсто, што е најсилно откако ONS почна да ги снима податоците во 2001 година. Официјалните податоци покажуваат и дека работодавачите во јули вработиле 73.000 нови работници, со што бројот на вработени се искачи на 29,7 милиони.

Во вториот квартал, стапката на невработеност благо порасна, на 3,8 отсто.

„Бројот на вработени се зголеми во вториот квартал од 2022 година, додека стапките на невработеност и бројот на луѓе кои ниту работат ниту бараат работа се речиси непроменети“, рече директорот за економска статистика на ONS, Дарен Морган.

„Во исто време, вкупните неделни часови се чини дека се стабилизираа веднаш под нивото пред пандемијата“, додаде Морган, а бројот на непополнети работни места, иако сè уште е многу висок, падна за прв пат од летото 2020 година.

Тоа би значело дека работодавачите имаат нешто помалку проблеми со наоѓање работници.

„Денешните статистики покажуваат дека состојбата на пазарот на трудот е многу добра, невработеноста е помала од пред речиси 40 години“, изјави министерот за финансии Надим Захави.