Инфлацијата во Турција стигна до 61%

Инфлацијата во Турција достигна до високи 61,14 отсто, најмногу во последните 20 години.

Институтот за статистика во земјата соопшти дека цените пораснале за 5,46 отсто во март, во однос на февруари годинава.

Меѓугодишната инфлација во февруари беше 54,44 отсто.

Цените најмногу пораснале во областа на сообраќајот (99,12 отсто) и храната (70,33 отсто).

Ваквата ситуација е последица на економската криза која ја влоши пандемијата на Ковид-19.

Сега поради војната во Украина, пораснаа и цените на енергенсите и на житарките.