Инфлацијата во Турција падна на 71,6 отсто

Годишната стапка на инфлација во Турција минатиот месец падна на 71,6 отсто од 75,45 отсто во мај, објави турскиот институт за статистика – Туркстат.

Тоа значи дека првиот пад на инфлацијата на годишно ниво се случи во Турција по седум последователни месеци раст, пренесува Танјуг.

Наспроти тоа, цените на становите и комуналните услуги во јуни се зголемија за 94,72 отсто на годишно ниво, што е забрзано во однос на мај.

Турските власти неодамна воведоа мерки за штедење кои треба да ја зголемат ефикасноста во јавниот сектор и да помогнат во борбата против високата инфлација.