Инфлацијата во еврозоната во јули се намали на 5,3%

Инфлацијата во еврозоната се намали во јули на 5,3%, благодарение на падот на цените на енергенсите, станува јасно од податоците објавени од Евростат.

И покрај благиот пад овој месец за разлика од јуни кога беше 5,5%, трошењето за храна и пијалоци останува тврдоглаво високо, што прави дупка во паричниците на европските потрошувачи. Падот на вкупната инфлација беше во согласност со консензусната прогноза на аналитичарите.

Економскиот раст во еврозоната закрепна во вториот квартал на 2023 година, покажаа официјалните податоци, но останува загриженоста за забавувањето на растот на Германија и нејзиното влијание врз изгледите на зоната.

Официјалната агенција за податоци на ЕУ соопшти дека растот во зоната на единствената валута од 20 земји достигна 0,3 отсто во периодот април-јуни, откако беше забележан нула раст во првите три месеци од годината.