Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“
Италијанските фудбалски прволигаши Интер и Милан официјално станаа косопственици на стадионот „Сан Сиро“, кој досега беше во рацете на градот Милано, што е клучен чекор во плановите на градските ривали за изградба на нов стадион.

„Милан и Интер Милан објавуваат дека денеска потпишаа договор за купопродажба со градот Милано за стекнување сопственост на урбаната област Сан Сиро, која го вклучува стадионот Меаца и околното земјиште“, објавија двата клуба во заедничко соопштение.
Продажбата на стадионот беше одобрена од Градскиот совет на Милано на 30 септември по повеќе од 11 часа дебата, со 24 гласа „за“, 20 „против“ и два воздржани.
Милан и Интер Милан платија 197 милиони евра за постојниот стадион и соседните паркинзи каде што планираат да го изградат својот нов стадион, кој ќе продолжат да играат двата гиганти.
Новиот Сан Сиро, со капацитет од 71.500, треба да биде завршен во 2031 година, а двата клуба ќе платат 1,2 милијарди евра за неговата изградба.
Отворен во 1926 година, стадионот „Сан Сиро“, исто така, познат и како „Џузепе Меаца“, ќе биде во голема мера урнат, освен една трибина која е заштитен историски споменик.