Интерпол подготвен да помогне во истрагата на Русија за нападот на центарот „Крокус“

Интерпол е подготвен да помогне во истрагата на Русија за терористичкиот напад на „Крокус сити хол“, изјави денеска генералниот секретар на таа меѓународна организација Јирген Сток.

„Силно го осудувам нападот врз „Крокус“, кој беше ужасен чин против невини цивили. Интерпол е подготвен да ја поддржи истрагата на руските власти“, напиша Сток на социјалната мрежа Х.

Во терористичкиот напад загинаа 60 лица, меѓу кои три деца, а повеќе од сто лица беа повредени. Одговорноста за нападот ја презеде организацијата Исламска држава.