Даути за Трилинг: Во делот на економијата има многу нетарифни бариери
Генералниот менаџер на Даути комерц Џемаил Даути потенцира дека на бизнисот му треба простор и пазар за сите компании. Ние сме мали пазари за да имаме забрзан развој и со вакви констелации бавно оди ослободувањето на движењето на капиталот и стоката. Кога тој го почнувал бизнисот имал три крупни промени во општеството, промена на политичкиот систем, на сопственичката структура и на државното уредување.
- Во тие констелации почнавме со работа, овие три елементи влијаеја во креирање на некои видувања. Ни треба темелна реформа во државното уредување од сите аспекти. Кај нас системот се оградува по препорака на ЕУ. Пред 15 години сме имале 800 централни институции, сега се 1600. Затоа во овие регионални интеграции и не мора сите да имаат дирекции и агенции. Тоа не е ефикасно и има доста елементи кои тоа го создаваат. Во делот на економијата има многу нетарифни бариери. – вели Даути.
Даути смета дека команиите не бараат помош од политичките партии кои сакаат да ги привлечат компаниите за финансиска поддршка и авторитетот на компанијата да собира гласови и во тие релации се ветуването што партијата не може да го реализира. Проблемот кај стопанствениците е да знаат да го вреднуваат колективниот пристап и здружување во Стопански комори и други асоцијации каде ќе се реализираат потребите на компаниите. Економскиот патриотизам во другите земји е само вокабулар на политички структура, а во свеста на потрошувачот, тоа е на ниско ниво.
- Нашиот потрошувач повеќе го цени името на производот. Секој бизнисмен си бара свој пристап кон работата, кон производот и иновациите. Сите сме засегнати како државата ќе ни помогне, но јас не сум засегнат, зошто било кој бизнис да го правиш, тој треба да биде иновативен и конкурентен. Државата треба да ни создава услови за работа, не да ни дава пари. – вели Даути.
Во однос на зголемувањето на цените на производите, тој смета дека во моментов основните прехрамбени продукти се покачени 100%. Тоа има влијание и во прозиводствениот процес. Не можеме да бараме виновници кои проблемот е надвор. 30% од пченицата во светски рамки се произведува во Русија и Украина. Друг момент се последиците од здравствената криза кои ги пореметија параметрите во светски рамки на економијата и многу производители беа принудени да ги зголемат цените. – вели Даути.