Интервју со Александар Микиќ

Актерот Александар Микиќ во емисијата Трилинг зборуваше за улогата на Карамба во најновиот филм на Милчо Манчевски „Кајмак“и вели дека неговиот лик е скромен човек и очајно сака да биде среќен. Тој е добар и посветен за другите работи.

-Соработката со Милчо трае одамна во „Пред дождот“ и ми беше доста ново тогаш, до мене седеше Раде Шербеџија со кого имав сцена во автобус. Со Милчо многу добро соработувавме и се надополнувавме на „Кајмак“ иако филмот е тешка материја, снимавме и на многу топло. – вели Микиќ.

Потенцира дека снимањето поминало во многу добра работна атмосфера и во паузите на филмовите, сите биле посветени на друштвените игри. За „Кајмак“ се надева дека ќе го има успехот на „Пред дождот“.