„Со Македонија имаме шанса да ги решиме проблемите кои постојат со децении, но не беа сериозно адресирани. Сега овие проблеми не се решени, но имаме механизам усвоен од бугарскиот парламент, францускиот предлог, кој е усвоен и од парламентот на РСМ и пред нас е широк терен да продолжиме со работата за расчистување на спорното прашања“ вели за БНТ вршителот на должноста министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков.
„Што се однесува до нашата работа со владата на РСМ, загрижувачки се обидите на опозицијата да ги искористи ставовите на дел од населението за различни цели. Има сили кои со силен отпор поставуваат лажна дилема – европско членство или идентитет на РСМ. Не е така, европското членство се поврзува со преоценување на минатото и со голем број пропагандни клишеа. Пред да влезе во ЕУ, секоја земја мора да се раздели со дел од овие лажни парадигми во историскиот процес“ смета Милков.
Тој смета дека катарзата мора да се доживее и во Македонија.
„Би сакал да се формира национален консензус во РСМ, бидејќи не можеме да се потпираме и да разговараме само со една политичка партија, треба да разговараме како држава со држава, за да не се случи луѓето со бугарско самосвест во Македонија да ја загубат вербата во институциите кои се повикани да ги заштитат и нивните права“ – рече Милков.
Оцени дека институциите кај нас „не треба да се користат за репресивни цели“.
„Ни треба многу појаснување од нашите македонски партнери. Доколку има пријави за прекршоци, соодветно ќе реагираме. Со зголемено внимание ја следиме состојбата и испраќаме сигнали дека треба да се воздржиме од практики во минатото“ – рече Милков.