Институтот за меѓународни финансии: Вкупниот светски долг изнесува 315 билиони долари
Институтот за меѓународни финансии (ИИФ) објави дека светот е заробен во долгови од 315 трилиони долари, што е најголем раст во изминатите 80 години.
Бранот на раст на глобалниот долг е најголем, најбрз и најраспространет од Втората светска војна, што се совпаѓа со пандемијата Ковид-19.
Ова зголемување го означува вториот последователен квартал на раст и првенствено се однесува на пазарите во развој, каде долгот се искачи на невидени 105 трилиони долари, се истакнува во кварталниот извештај на ИИФ, со седиште во Вашингтон.
Додека две третини од долгот се на развиените економии, за кои најмногу придонесуваат Јапонија и САД.
Во изминатите девет месеци глобалниот долг се зголеми за осум трилиони долари, додека пред само десет години беше помал за 100 милијарди долари.