
Иницијативна средба за формирање национално собрание на млади
Како што информира Националниот младински совет на Македонија, целта е, преку консултативен и инклузивен процес, да се дефинираат конкретните чекори и динамиката за финализирање на процесот и формирање координативното тело кое ќе ја води подготовката на националното собрание.
Во Скопје денеска ќе се одржи Иницијативна средба за формирање национално собрание на млади согласно Законот за младинско учество и младински политики.
Како што информира Националниот младински совет на Македонија, настанот е значаен чекор во процесот на воспоставување националното собрание на млади, предвидено со Законот за младинско учество и младински политики. Целта е, преку консултативен и инклузивен процес, да се дефинираат конкретните чекори и динамиката за финализирање на процесот и формирање координативното тело кое ќе ја води подготовката на националното собрание.
На средбата се очекува учество на претставници од младински организации од целата држава, институции, меѓународни организации и релевантни чинители кои ќе дискутираат за моменталната состојба, предизвиците и перспективите за унапредување на младинското учество на национално ниво.